Најголемиот спортски објект во Македонија, Националната арена „Филип Втори“ од денеска има ново име. Со одлука на Владата на република Македонија објектот е преименуван во Навионална арена „Тоше Проески“.
Информацијата дека стадионот има ново име прв на „Твитер“ ја објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
„ Утрово на редовната 129 седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“, напишал Бошњаковски.
Утрово на редовната 129 #седница на @VladaMK донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.
— Портпарол на Влада на РСМ (@portparolVRSM) April 9, 2019