Top Sport

Филипе Луис: Симеоне нема срце…нема подобар во историјата од Меси

Искусниот Бразилец, Филипе Луис, ден пред натпреварот помеѓу Атлетико и Челси, во Лигата на шампионите, во опширно интервју, открил каквва соработка имал Диего Симеоне и Жозе Мурињо, а проговорил и за Еден Азар и Лионел Меси. Фелипе Луис, во кариерата бил играч на Атлетико и Челси, а во моментот е играч на Фламенго.

Филипе Луис, рекол дека е голем пријател со Симеоне, но дека бил под голем стрес кога играл пд негова команда во Атлетико.

„Не е лесно да играш за Симеоне, тој нема срце. Тој решава што ќе направи за да победи. Кога дојде во клубот во 2011 година бевме оддалечени четири бода од опасната зона, а потоа тој ја освои Лига Европа. Кога дојде во декември јас бев бек без самодоверба, во јануари станав најдобриот лев бек во светот. Околу 120 фдбалери минаа низ Атлетико под водство на Симеоне. Некои од нив дојдоа како ѕвезди и не се снајдоа, додека имаше и играчи кои неа анонимуси, а потоа станаа големи ѕвезди“, рекол Бразилецот.

Во летото 2014 година тој замина во Челси, кај Жозе Мурињо. Во Лондон се задржа само една сезона, бидејќи Мурињо не му пружи шанса да игра во континуитет.

„Кога во првиот меч, во сезоната, останав на клупата, разговарав со Мурињо, го парашав зошто сакаше да дојдам во Челси, го прашав зошто не ме остави во Атлетико. Ми кажа дека дефанзивно е сигурен кога на таа позиција игра Аспиликуета. Ми кажа дека морам да се изборам за место во тимот. Донекаде и беше во право, не играв добро, а не можев да го исправам тоа бидејќи не играв многу“.

Фелипе Луис, ги издвоил Нејмар и Еден Азар, како најталентираните играчи со кои имал можност да ја дели соблекувалната.

„Еден Азар покрај Нејмар е најдобриот фудбалер кој ми бил соиграч. Но тој не тренираше добро. Пет минути пред почетокот на натпреварот тој во соблекувалната играше Марио Карт. Потоа се загреваше со одврзани копачки. Но, кога мечот ќе започне, тогаш никој ништо не му може. Азар е неверојатно талентиран. Можеби му не е доволно амбициозен за да биде најдобра во светот“.

Во текот на кариерата имал можност многу пати да води битки на теренот против Лионел Меси, со денови се подготвувал за дуелите против него, внимателно ги анализирал движењата на меси.

„Еден ден би сакал да го прашам каков чувство имал кога играл против мене. Мојот пристап беше дека тоа е најважната работа во животот, бидејќи Меси е најдобриот играч што сум го видел во животот. Импровизира. Го нема дриблингот во главата се додека не дојде топката кај него. Потоа го следи движењето на директниот чувар и носи одлука во дел од секундата. Некогаш бев и премногу агресивен, но никогаш не се лутеше. Мислам дека му се допаѓаше мојот пристап“, заклучил поранешниот репрезентативец на Бразил.

Scroll to Top