Филипо Инзаги вели дека сака неговиот клуб Беневенто да ги слави победите со своите навивачи и побара властите да ги прекинат фудбалските лиги доколку се игра без гледачи.
Инзаги ги предводеше Беневенто до убедлива предност од дури 20 поени пред Кротоне на врвот на Серија Б, но неделниот меч против Пескара се играше без публика, а гостите носеа маски на лицето во знак на протест за лигашкиот натпревар во ситуација на изолација поради корона вирусот.
Поранешниот голгетер на Милан вели дека компликуваната ситуација во Италија не носи среќа за неговиот тим и се надева дека шампионатот ќе биде одложен до враќањето на навивачите на стадионот.
„Тешко ми е сега да зборувам за фудбалот. Овие момци заслужуваат да се вратат на полн стадион и да уживаат во историската сезона за цела Серија Б. Се надевам дека ќе сопрат, бидејќи да се продолжи вака нема смисла. Сакаме да прославуваме со нашите фанови, а сега не уживаме во ништо. Здравјето мора да е на прво место“, вели Инзаги.
?❤️ This is quality. Italian side Benevento defeated Pescara yesterday and ended up serenading their ‘invisible’ fans who are not allowed to attend games due to Coronavirus. It’s a sad situation but the players are keeping the tradition alive. ? pic.twitter.com/saBdoUep0A
— FutbolBible (@FutbolBible) March 9, 2020