Фудбалерите на Леванте и Севилја одиграа нерешено 3:3 во последниот натпревар од 8. коло од Примера.
Натпреварот се играше на градскиот стадион во Валенсија и по повеќе од 100 минути фудбал, заврши спектакуларно, со три гола постигнати во судиското надополнување на времето во второто полувреме.
Исто така, заврши без победник.
Севилја поведе преку Урео во 13. минута и тоа беше единствениот гол постигнат во првото полувреме.
Во второто, гостинот од Андалузија успеа да поведе со 2:0 во 54. минута кога мрежата на Леванте ја затресе Кореја, а само три минути подцна Иван Ромеро намали на 2:1.
Судијата го продолжи натпреварот за осум минути и можеше да се почувствува дека ќе „падне гол“, што се случи брзо.
Адриан де ла Фуенте, или скратено Адри, беше „џелатот“ на Севилја, постигна гол во 92-та минута што донесе ерупција од воодушевување.
Следеше филмскиот крај на натпреварот.
Севилја не сакаше да си оди дома поразена. Исак Ромеро стана вистински херој постигнувајќи гол само три минути подоцна, а во 95-та минута им донесе ново водство на гостите.
Севиља водеше со 3:2, но возбудата не запре тука. Само две минути по херојскиот подвиг, Ромеро беше исклучен поради вториот жолт картон.
Тоа му даде предност на Леванте. Во 100-та минута, Ндукве ги шокираше гостите од Севилја и му донесе израмнување на Леванте. ВАР ја провери целата акција, а откако утврди дека стрелецот не бил во офсајд, судијата го потврди голот и веднаш означи крај на натпреварот.
Foto/ EPA
