Top Sport

Финалето на ФА купот му „пресуди“ на Де Хеа, „ѓаволите“ ќе го сменат со Диого Кошта?

Манчестер јунајтед се пред потпис со голманот на Порто, Диого Кошта, по новата скапа грешка на Давид де Хеа во финалето на ФА купот, тврди португалскиот весник „А Бола“.

Според нивните извори, за 23-годишниот голман, кој има над 100 настапи за Порто и 11 за португалската репрезентација се заинтерсирани и Њукасл и Челси, но „ѓаволите“ се фаворити бидејќи и самиот голман би сакал да потпише за „ѓаволите“.

Менаџерот Ерик Тен Хаг застана во одбрана на Де Хеа, откако многу навивачи сметаа дека беше виновен за лоша реакција при вториот гол на Илкај Гундоган во финалето на купот и 2:1 поразот, меѓутоа претходно изјавуваше дека неговото стартно место не е гарантирано. Де Хеа направи повеќе грешки во изминатта сезона, вклучувајќи драстични пропусти против Брентфорд, Вест хем и Севилја.

Scroll to Top