Top Sport

Де Лаурентис бара трпение во потрагата за наследник на Спалети

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис побара трпение од неговите навивачи за да се најде наследник на шампионскиот тренер Лучано Спалети, одбивајќи да потврди дека преговараат со поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Пред денешниот последен меч од сезоната против Сампдорија, играчите ќе ги добијат медалите и ќе го кренат првиот трофеј по 33 години, но ќе останат и без тренер, откако Спалети повеќе пати најави дека си заминува.

„Потребно е време, момци. Студени глави и трпение. Вечерва да уживаме во прославите, да се опуштиме во јуни и да се соочиме со овој проблем кој сме го решавале повеќе пати. 14 години едноподруго сме во Европа, како единствен италијански клуб, така што нема потреба за паника“, вели Де Лаурентис.

Денеска исто така „Кориере дело спорт“ објави дека Наполи сака да го убеди италијанскиот селектор Роберто Манчини да седне на клупата, но ова беше бргу демантирано од федерацијата.

Scroll to Top