Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија оваа година ќе се одржи во Струмица. Финалистите Струга Трим Лум и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот на стадионот „Благој Истатов“ на 20 мај, одлучи Управниот одбор на ФФМ.
Македонија ЃП ќе го брани трофејот освоен лани, додека Струга Трим Лум за првпат во клупската историја ќе игра во мечот за пехарот.
Струмица после пет години повторно ќе биде домаќин на финалето на Купот, откако последен пат во овој град играа Шкендија и Пелистер (3:0) во 2018 година.