Top Sport

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија ќе се игра во Струмица на 20 мај

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија оваа година ќе се одржи во Струмица. Финалистите Струга Трим Лум и Македонија ЃП ќе се борат за трофејот на стадионот „Благој Истатов“ на 20 мај, одлучи Управниот одбор на ФФМ.

Македонија ЃП ќе го брани трофејот освоен лани, додека Струга Трим Лум за првпат во клупската историја ќе игра во мечот за пехарот.

Струмица после пет години повторно ќе биде домаќин на финалето на Купот, откако последен пат во овој град играа Шкендија и Пелистер (3:0) во 2018 година.

Scroll to Top