Финалниот натпревар во Лигата на шампионите во 2024 година нема да биде одигран во Њу Џерси, САД.
Како што дознава агенцијата АП. Европската куќа на фудбалот (УЕФА) некогаш би можела да го организира финалето надвор од Европа, но тоа нема да се случи во 2024 година, бидејќи тогаш ќе се игра Европското првенство.
Анонимниот извор за АП рекол дека тука станува збор за интерни планирања во самата УЕФА.
Американските медиуми објавија дека по разговорите со потенцијалните комерцијални партнери финалето во Лигата на шампионите во 2024 година да се одигра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.
Планот едно финале во Лигата на шампионите да бид еодиграно надвор од Европа прв пат УЕФА го презентирале во 2016 година.
До 2024 година се познати домаќините за финалните мечеви: Истанбул 2020, Санкт Петербург (2021), Минхен (2022) и Вембли во Лондон 2023 година.