УЕФА ја потврди одлуката, финалето во Лигата на шампионите, да се одигра во Истанбул и покрај тоа што Турција во моментов се наоѓа во „локдаун“, поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот.
За титулата во Лигата на шампионите, на 29.мај на стадионот „Ататурк“, ќе се борат Манчестер сити и Челси.
УЕФА најави дека клубовите ќе добијат по 4.000 влезници за финалниот натпревар.
Целта на организаторот за финалето е да биде исполнет пола од капацитетот на стадинот, кој може да прими 75.000 луѓе.
„Локдаунот“ во Турција трае до 17.мај.