Top Sport

Финалето во Лига Европа може да биде фијаско за УЕФА

Финалниот натпревар во Лига Европа може да се претвори во фијаско за УЕФА, бидејќи на стадионот во Баку може да има голем број на празни седишта.

Арсенал и Челси ќе се борат за трофејот во Лига Европа на Олимпискиот стадион во Баку, чии капацитет изнесува 67.000 седишта. УЕФА може да се соочи со голем проблем, односно половина од капацитетот на стадионот да не биде исполнет.

Проблемите се јавија уште при распределбите на билетите. Навивачите на двата тима добија по 12.000 влезници, но факт е дека Баку е предалеку од Лондон, а на навивачите на располагање им е само еден авионски лет во текот на неделата.

Дополнителен проблем за УЕФА покрај клубовите сега се и спонзорите. Откако Арсенал и Челси вратиле голем број од билетите, истото започнале да го прават и спонзорите. Клубовите вратиле половина од влезниците, бидејќи само по 5.500 навивачи од двата клуба биле заинтересирани да го следат мечот во Баку.

Од спонзорите биле вратини околу 2.000 билети.

Влезниците што ѝ се вратени на УЕФА ќе бидат пуштени во слободна продажба, но прашање дали тие ќе бидат продадени. Во Азербејџан досега биле продадени 23.000 влезници.

Scroll to Top