Top Sport

Кабалјеро го продолжил договорот со Челси

Аргентинскиот голман Вили Кабалјеро потпишал нов договор со Челси. 37 годишниот голман и наредната сезона ќе му биде резерва на Кепа Аризабалага. Новиот договор на аргентинскиот голман има важност до крајот на сезоната 2019/2020.

Во својата професионална кариера која трае од 2001 година Кабалјеро бил играч на Бока јуниорс, Елче, Арсенал Сранди, Малага и Манчестер сити, во Челси е од 2017 година.

За Челси Кабалјеро настапил на 22 натпревари, претходно му беше резерва и на Тибо Куртоа.

Scroll to Top