Top Sport

Финалистот ќе се знае на „Стемфорд бриџ“ – Реал и Челси со фуриозно прво полувреме и 1:1 реми

Реал Мадрид и Челси ќе веруваат во своите шанси за пласман во големото финале на Лигата на шампионите во Истанбул на 29 мај, откако на првиот меч на „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, одиграа 1:1 во меч одбележан со фуриозно прво полувреме, силен дожд и по еден гол во двете мрежи.

Челси имаа подобар старт на мечот, напаѓајќи од првата минута и создавајќи повеќе шанси против на прв поглед нестабилната одбрана на Реал Мадрид, и ова резултираше со голот на Кристијан Пулишиќ по 14 минути игра. Реал успеаја да израмнат по генијалниот потег на Карим Бензема во 29. минута од мечот. По ова, Реал заиграа подобро, предводени од Лука Модриќ, но не успеаја да дадат гол.

Во второто полувреме, на силниот дожд, темпото малку падна, иако Челси во првиот дел имаше поголем дел од поседот на топката. Еден Азар доби шанса да заигра против својот поранешен клуб, додека Томас Тухел се обиде да ја смени играта со уфрлањето на Хаверц и Зијеш во игра на местото на Вернер и Пулишиќ. Во последните минути од натпреварот, Реал ја имаше иницијативата со Тони Крос како лидер, но на крајот „кралевите“ ќе патуваат во Лондон без предност.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПОЛУФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Реал Мадрид – Челси 1:1

Пари Сен-Жермен – Манчестер сити – утре, 21.00 ч.

Scroll to Top