Top Sport

Финансискиот фер-плеј е голем проблем, Барса мора да продаде една голема ѕвезда

Фудбалскиот клуб Барселона повторно се соочува со сериозни проблеми. Познато е дека Барселона во изминатите неколку години имаше огромни финансиски проблеми кои Жоан Лапорта и неговите соработници се обидуваат да ги решат на секој начин. Сепак, и покрај ова, Барселона успеа да доведе неколку големи засилувања, поради што сега се соочува со финансиска фер-плеј казна и е принудена да продаде еден од своите играчи.

Во јануари клубот нема да може да биде активен на трансфер-пазарот, бидејќи има прпблем со финансикиот фер-плеј. Барселона мора да ги затвори дупките, бидејќи се соочува со забрана на трансфери во неколку наредни трансфер периоди.

Поради тоа клубот ќе мора да продаде најмалку еден фудбалер. Познато е дека Франк Кеси сака да си замине, иста е ситуацијата и со Мемфис Депај, но тој преферира да го напушти клубот во летниот преоден рок како слободен играч.

Новинарот Џерар Ромеро тврди дека клубот во летниот преоден рок ќе продаде еден играч од чии трансфер ќе заработи над 50 милиони евра, колку што им е потребно за да го решат финансискиот фер-плеј.

Одлуката наводно е веќе донесена, но Ромеро не објави за кој играч станува збор и кого клупските челници го отпишале.

Сепак, набргу потоа, каталонски „Спорт“, објави дека Феран Торес би можел да се врати во Англија на лето. За него интерес покажал Арсенал и Барселона нема ништо против да го пушти.

За Торес би можеле да добијат околу 55 милиони евра со што би го решиле проблемот. За шпанскиот репрезентативец навивачите на Барса сметаат дека не ги оправда очекувањата откако пред една година пристигна од Манчестер сити.

„Топчиите“ наводно се обидуваат да го комплетираат овој трансфер веќе во јануарскиот преоден рок бидејќи итно им е потребна замена за повредениот Габриел Жесус, но во Барселона не биле подготвени да ја прифатат оваа понуда.

Scroll to Top