Top Sport

Фудбал во сенка на немилиот настан – Историска победа на Финска

Финска ја победи Данска со 1:0 во своето деби на големите натпреварувања. Киксот на Каспер Шмајхел и промашениот пенал на Пјер-Емил Хојберг го решија победникот на овој натпревар.

Скандинавската пресметка ја обележа моментот во 43.минута, кога најдобриот дански играч, Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Десет минути му лекарските екипи се бореа за неговиот живот, потоа тој во свесна состојба беше пренесен во болница.

Мечот беше во прекин еден час, фудбалерите се договориле да продолжи, а поддршка добиле и од Ериксен, кој од болницата им се јавил на соиграчите.

Данска доминираше во текот на целиот натпревар, голманот Храдецки во првиот дел одбрани три тешки удари, а апсолутен херој стана во 74.минута, кога го одбрани пенал.

Финците, од првата вистинска, акција на натпреварот и од првиот удар кон голот на Шмајхел постигнаа гола. Похјеанпало ги наскока данските дефанзивци упати удар со глава, Шмајхел не реагираше најдобро и топката заврши во неговиот гол.

Историски момент за Финска, го постигнаа првиот гол и ја забележаа првата победа на европските првенства.

Графика, Sofa score за Топспорт

Scroll to Top