Црна Гора ја пречека Финска во последното коло од Б-дивизијата во Лигата на нации во натпревар без натпреварувачко значење.
Црногорците по 17 минути игра останаа без Томашаевиќ, кој доби црвен картон. Финците предноста ја искористија во второто полувреме кога постигнаа два гола.
Двете репрезентации и во наредниот циклус ќе се натпреваруваат во Б-дивизијата, од групата испадна Романија, а во А-дивизијата оди Босна и Херцеговина.
Сепак, натпреварот понуди сцени за паметење.
Натпреварот во Подгорица се одигра по големо невреме, силниот дожд направи мечот се игра на работ на регуларноста.
Тешката, неподнослива ситуација, финските телевизиски новинари ја претворија во шега.
Во мокри костуми, тие од теренот се јавија со маски за нуркање на главите. Сцените од нив со оваа опрема станаа вирални на социјалните мрежи.
View this post on Instagram