Top Sport

Фиорентина е „пеницилин“ за Наполи, Спалети стравува од реприза на 2018

Лучано Спалети признава дека Наполи веќе не ги имат работите во свои раце по домашниот 2:3 пораз од Фиорентина, „сопка“ во борбата за титулата, која ги врати спомените од 2018 година, кога тогаш под водство на Маурицио Сари, поразот од Виола ги уништи соништата за скудето.

„Ова е многу скап пораз, но на некој начин мислам дека не беше заслужен. Тие ја играа својата игра и ја заслужија победата, но ние едноставно им дозволивме да ја контролираатсредината. Навистина е разочарувачки за сите фанови. Сега, работите се сменија и многу е потешко за титулата. Немаме друг избор освен да бидеме професионалци, да го добиеме следниот меч и да видиме што ќе се случи. Титулата веќе не е во наши раце“, вели Спалети.

Наполи загубија шест пати во Серија А оваа сезона, од кои дури пет порази беа на нивниот стадион „Диего Армандо Марадона“.

Фиорентина го шокираше Наполи, Сасуоло победнички против Аталанта

Scroll to Top