Top Sport

Фиорентина го шокираше Наполи, Сасуоло победнички против Аталанта

Неизвесноста околу борбата за титулата во Италија продолжува, откако Наполи си направи лоша услуга со 2:3 поразот од Фиорентина, пропуштајќи шанса да избие на првото место и во исто време дозволувајќи вечерва со победа, Милан да избега на четири поени на шест кола пред крајот на сезоната. Непријатно изненадување имаше и за Аталанта, која беше „потопена“ со 2:1 кај Сасуоло и се оддалечува од борбата за пласман во Европа оваа сезона.

Нико Гонзалез ги донесе Фиорентина во водство на „Диего Армандо Марадона“ во 29. минута, пред Дрис Мертенс да израмни во 58. минута. Само шест минути подоцна Гонзалез му асистираше на Џонатан Иконе за 1:2, за во 72. минута, Артур Кабрал да зголеми на 1:3. Виктор Осимен во 84. минута даде надеж за камбек на домаќините, но тоа не беше доволно да се освои барем поен.

Наполи останува трет со 66 поени, колку што има и Интер пред нив (но со меч помалку), а Милан е лидер со 67 поени.

СЕРИЈА А, 32.КОЛО

Наполи – Фиорентина 2:3

Сасуоло – Аталанта 2:1

Венеција – Удинезе 1:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top