Top Sport

Фиорентина ги сака српските напаѓачи – тргнуваат по Јовиќ

Лука Јовиќ може да го замени својот сонародник Душан Влаховиќ на „Артемио Франки“, откако италијанските медиуми тврдат дека Фиорентина е заинтересирана за позајмица на фудбалерот на Реал Мадрид.

Јовиќ пристигна на „Бернабеу“ од Ајнтрахт Франкфурт во 2019 година со репутација на „класа“ напаѓач, но не успеа да се пробие во тимот на Реал Мадрид и беше пратен назад на позајмиа во Франкфурт шест месци во 2021, по што имаше само 19 настапи и 1 гол за „кралевите“.

Според „Калчомеркато“, преговорите со Реал одат добро поради старите врски – Алваро Одриозола во Фиренца имаше добри настапи, а во Виола се надеваат дека Јовиќ ќе го замени Душан Влаховиќ, кој беше продаден на Јувентус во зимскиот преоден рок. Јовиќ има договор со Реал до јуни 2025 година.

Scroll to Top