Top Sport

Дин Хендерсон се договорил со Нотингем, се чека на Јунајтед

По 11 години во Манчестер јунајтед, Дин Хендерсон е подготвен да си замине од „Олд Трафорд“, откако повеќе британски медиуми тврдат дека веќе се договорил со новиот премиерлигаш Нотингем форест и сега се чека на одлука на „ѓаволите“.

25-годишниот Хендерсон, кој помина две сезони на позајмица во Шефилд јунајтед, во август 2020 потпиша нов договор со Јунајтед до јуни 2025 година, но не стана прв голман на тимот покрај Давид де Хеа во составот. Нотингем сакаат да го добијат Хендерсон на позајмица со опција за купување.

Единствен проблем на Нотингем е тоа што ако се оствари трансферот на Хендерсон, нема да го можат да го заддржат 21-годишниот Џејмс Гарнер, кој минатата сезона одигра 41 меч за тимот, но е фубалер на Манчестер јунајтед. Според правилатана Премиерлигата, било кој клуб не може да има повеќе од еден играч на позајмица од ист клуб.

Scroll to Top