Top Sport

Фиорентина ги „здроби“ Хартс, Партизан пак „пеницилин“ за Келн

Фиорентина по лошиот старт на европската сезона во Конференциската лига Европа, влезе во ритам, откако со 5:1 го „здроби“ шкотскиот Хартс, додека Партизан во Белград вторпат го победи Келн за да се искачи на првото место во групата Д.

Виола тргна фуриозно во првото полувреме постигнувајќи четири гола за 38 минути – Јовиќ (6.), Бираги (22.), Гонзалез (32.) и Барак (38.), пред гостите да намалат преку Хамфрис на почетокот на првото полувреме. „Петардата“ ја комплетираше Гонзалез од пенал во 83. минута од мечот.

Во Белград пак, во меч кој двапати беше прекинуван поради чадот на теренот предизвикан од факлите на навивачите на Партизан, „црно-белите“ со 2:0 го совладаа Келн со головите на Дијабате (15.) и Гомеш (52.)

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
Башакшехир – РФС Рига 3:0
Фиорентина – Хартс 5:1
ГРУПА Ц
Австрија Виена – Вилјареал 0:1
ГРУПА Д
Партизан – Келн 2:0
ГРУПА Е
Аполон – АЗ Алкмар 1:0
ГРУПА Ф
Ѓургарден – Гент 4:2
ГРУПА Г
ЦФР Клуж – Славија Прага 2:0
ГРУПА Х
Слован Братислава – Базел 3:3

Scroll to Top