Top Sport

Фиорентина го договори Иконе

Фиорентина го договори првото засилување за јануарскиот преоден рок. Жител на Фиренца, од јануари, ќе стане Жонатан Иконе. 23-годишниот фудбалер минатата сезона со Лил ја освои титулата во Лига 1.

Медиумите во Италија и Франција, тврдат дека Фиорентина и Лил го договориле трансферот. „Виола“ за Иконе ќе плати 15.000.000 евра.

Иконе кариерата ја започна во младинскиот тим на ПСЖ, поради жестоката конкуренција го напушти Париз пред две години и се пресели во Лил.

Иконе треба да биде наследник на ветеранот Хосе Каљехон.

Оваа сезона постигнал еден гол и забележал една асистенција. Пред две години го забележа дебито за француската репрезентација.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');