Фудбалскиот клуб Фиорентина го потврди трансферот на Артур Кабрал. „Виола“ експресно реагираше на трансфер пазарот по заминувањето на Душан Влаховиќ во Јувентус.
Кабрал (23), игра во голема форма од почетокот на сезоната. На 31 натпревар за Базел постигна 31 гол и забележа осум асистенции.
За неговиот трансфер Фиорентина издвои 16.000.000 евра.
Кабрал во Фиорентина ја наследи „деветката“ на Влаховиќ. За новиот клуб ќе дебитира на 5.февруари, кога во Фиренца ќе гостува Лацио.