Top Sport

Вернер се посрамоти, промаши празен гол (Видео)

Фудбалерите на Лајпциг неочекувано останаа без планираните три бода во дуелот со последната екипа на табелата, Падерброн. Лајпциг одигра 1:1 против Падерброн, но остана на третата позиција на табелата благодарение на поразот што го доживеа Баер Леверкузен од Баерн Минхен (2:4).

Лајпциг во првото полуврмее постигнаа гол преку Шик. Натпреварот доби поинаков тек од 43 минута кога поради вториот жолт картон теренот мораше да го напушти Упаменкано.

Гостите резултатот го израмнија во 92 минута.

Натпреварот го обележа неверојатното промашување на најдобриот стрелец на Лајпциг Тимо Вернер.

Германскиот репрезентативец во еден контра напад го мина противничкиот голман, а потоа го промаши празниот гол.

https://twitter.com/Complaxes/status/1269293689643438082

Scroll to Top