Top Sport

Фиорентина „го спасува“ Фросиноне, аутсајдерите триумфираа во Фиренца

Екипата на Фиорентина беше поразена попладнево со 0-1 на домашен терен од екипата на Фросиноне во 31 коло од италијанската Серија А.

Иако „виолетовите“ важеа за огромни фаворити пред своите навивачи доживеаја пораз со гол во 84 минута, стрелец Чиофани.

Фиорентина во моментов се наоѓа на десеттата позиција на табелата, без можност за напредок и вмешување во трката за европските купови, а од друга страна не е во опасност да испадне од лигата.

За разлика од „виолетовите“, Фросиноне грчевито се бори за опстанок, па со „непланираните“ 3 бода стигна до 23 собрани поени на претпоследната позиција на табелата. На 17. позиција на табелата која носи опстанок во Серија А се наоѓа Емполи со 28 бода, 5 повеќе од Фросиноне на 7 кола до крајот.

Scroll to Top