Top Sport

На „Ацтека“ во Мексико постигнат е 10.000-тиот гол, најмногу во светот (видео)

Во првенството на Мексико вчера редовно коло играа Круз Азул и Куеретар, славеа домаќините со резултат 3:0. Победата на домашната екипа и стрелците на головите се во втор план.

Поважно е тоа што стадионот на кој настапува Круз Азул, популарниот „Ацтека“ е првиот стадион во светот на кој има постигнато 10.000 голови.

„Ацтека“ е пуштен во употреба на 29 мај 1966 година. На него досега настапувале Клуб Америка, Круз Азул, Атланте, Некакса и сите мексикански фудбалски селекции.

Најмногу голови на легендарниот стадион постигнал Мексиканецот Луис Роберто Алвес–Заге, вкупно 209.

Домаќините беа подготвени, па убавиот јубилеј и влезот во историјата по вториот гол на Круз Азул го прославија со пиротехничко шоу.

Scroll to Top