Top Sport

Фиорентина и Џенова се намачија со второлигаши во Копа Италија (видео)

Фиорентина и Џенова се намачија, но се пласираа во осминафиналето на Копа Италија по победите над второлигаши.

Фиорентина со 2:0 беше подобра од Читадела, иако повеќе од еден час играше со 10 играчи, за да обезбеди дуел со Аталанта. Марко Бенаси постигна убав гол за 1:0, но по само 26 минути, Лоренцо Венути доби црвен картон по фаул во ситуација за гол. Бенаси повторно стрелаше за обезбедување на победата на тимот кому не му оди најдобро во Серија А.

Џенова пак, во трилер-натпревар, мораше да се враќа од 2:1 негатива од уште еден второлигаш, Асколи, за да победи со 3:2 и да обезбеди пресметка со Торино.

На практично празниот „Луиџи Ферарис“, Андреа Пинамонти им донесе водство на домаќините, но ова беше поништено откако прво Џакомо Берета постигна гол со брз-контранапад, пред Доменико Кришито да си постигне автогол. Кришото врати со израмнувачкиот гол, пред Пинамонти да го постигне вториот гол за 3:2.

Scroll to Top