Top Sport

Наполи го „брка“ Анчелоти, веќе почнале преговори со Гатузо!

Џенаро Гатузо веќе бил контактиран од Наполи (но и од Фиорентина) за да биде замена на својот поранешен тренер Карло Анчелоти, кој според повеќе италијански извори ќе добие отказ на 10 декември по слабата форма и бунтот на фудбалерите на клубот од југот на Италија.

Според „Скај спорт Италија“, иднината на Анчелоти на „Сан Паоло“ е веќе одредена, и не се знае дали тој ќе биде отпуштен сега или секако до крајот на сезоната, а главен кандидат за негова замена е поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, кој според претседателот Аурелио ди Лаурентис има доволно „цврста рака“ да ги дисциплинира своите играчи.

Според „Калчомеркато“ пак, спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли веќе се сретнал со Гатузо, откако вчерашниот состанок помеѓу Анчелоти и фудбалерите не поминал најдобро и тие целосно му откажале послушност на искусниот тренер.

Scroll to Top