Фиорентина и Џенова, без македонскиот капитен Горан Пандев во составот, одиграа неверојатно 1:1 реми во „дербито на дното“ во Серија А, откако двата гола паднаа во последните минути од мечот.
Марко Пјаца стрелаше во 89. минута од мечот, откако претходно ВАР системот го поништи голот на домаќините во 70-тата минута, кога Џек Бонавентура стрелаше за Виола. Меѓутоа, Џенова не успеа да стигне до првата победа од септември, откако Никола Миленковиќ постигна гол во 98. минута!
Џенова е на 19. место на табелата со шест поени, исто колку што имаат и Торино пред нив, додека Фиорентина е само 17. со 9 освоени поени.
G⚽L DE GENOVA?
Pjaca a los 89′
Fiorentina 0️⃣
Genova 1️⃣#SerieA ???pic.twitter.com/cqeEjXhsUN— El Forastero (@ElForastero1982) December 7, 2020
90+8' #Fiorentina 1-1 #Genoa
⚽ Nikola Milenkovic
Follow @goal433 for all goals.#SerieA pic.twitter.com/qqUk511Rq3
— Follow @goal433 (@goal4335) December 7, 2020