Top Sport

„Бела“ роденденска забава за Нејмар

Иако тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел призна дека роденденската забава на Нејмар доаѓа во „погрешно време“, но тој нема да пречи бидејќи „не му е татко“, Бразилецот ги собра ѕвездите на прославата на својот 28. роденден во Париз во неделата навечер.

Покрај пријателите и членовите на семејството, во „Јојо“ клубот во Париз во близина на Ајфеловата кула, беа и фудбалерите на ПСЖ, а забавата траеше до долго во ноќта.

Нејмар на гостите им советуваше дека се работи за „бела“ забава, пристигнувајќи во бел костум, бела шапка и бели тренерки „Најк“. Нему му се приклучија Единсон Кавани, Анхел ди Марија и Мауро Икарди, сите облечени во бело, а доцнеше Килијан Мбапе, кој претходно беше на добротворната гала-вечера на Блез Матуиди во Дизниленд.  Секако, недостасуваше тренерот Тухел.

Scroll to Top