Фудбалерите на Фиорентина и Олимпијакос од 21 часот, на стадионот „АЕК Арена“ во Атина ќе се борат за трофејот во Конференциската лига.
Фудбалерите на Фиорентина се осми на табелата во Серија А со 57 бодови, а до крајот на сезоната во италијанскиот шампионат ќе го одиграат уште натпреварот против Аталанта.
Без разлика на резултатот од дуелот со Аталанта, клубот од Фиренца ќе ја заврши сезоната на осмото место на табелата.
Фиорентина шести пат во историјата игра финале во европските купови. Во претходните пет, Виола освои еден трофеј.
Во 1957 година Фиорентина загуби од Реал Мадрид во финалето на тогашниот Куп на европските шампиони (0:2).
Клубот од Фиренца го освои Купот на победниците на куповите во 1961 година, со две победи на д Глазгов Ренџерс (2:0, 2:1).
Една година подоцна, Фиорентина беше поразена во финалето на КПК од Атлетико Мадрид.
Првиот дуел заврши без победник, 1:1, а во вториот Атлетико победи со 3:0.
Во 1990 година, играчите на Фиорентина имаа можност да го освојат Купот на УЕФА, но Јувентус беше подобар во двата натпревари (3:1, 0:0).
Фиорентина минатата сезона играше и во финалето на Конференциската лига, но Вест Хем го освои трофејот, победувајќи во финалето со 2:1.
Фудбалерите на Олимпијакос сезоната во грчката Суперлига ја завршија на третото место на табелата со 84 бодови. Тренер на тимот од Пиреја е Шпанецот Хозе Луис Мендилибар, кој лани со Севилја го освои трофејот во Лига Европа..
Клубот од Атина има славно минатото, но интересно прва пат ќе се бори за трофеј во европските купови. Олимпијакос 47 пати бил шампион на Грција, 28 го освоил Купот.
УЕФА го назначи Португалецот Артуро Диаш за главен судија, негови помошници ќе бидат Пауло Соареш и Педро Рибеиро.
Четврти судија е Швеѓанецот Глен Ниберг.
Во ВАР-собата ќе биде Португалецот Тиаго Мартинш, заедно со Германците Кристијан Дингерт и Марко Фриц.