Top Sport

Фиорентина ја одби понудата на Барса за Амрабат

Софијан Амрабат, ѕвездата на мароканската репрезентација, нема да стане нов фудбалер на Барселона во јануари, откако Фиорентина ја одби последната понуда на каталонскиот тим.

По формалната понуда која дошла на последниот ден од преодниот рок, Фиорентина порачала дека не е заинтересирана за договор за 26-годишниот фудбалер од средниот ред ниту на позајмица, ниту на постојан договор.

Амрабат беше еден од најдобрите марокански фудбалери на СП во Катар, каде што стигнаа до четвртото место, по што стана еден од најпосакуваните фудбалери во Европа, откако и Ливерпул беа заинтересирани за негов трансфер. Генералниот директор на Фиорентина, Џо Бароне потврди дека Амрабат и неговиот партнер во средниот ред Нико Гонзалез не се на продажба.

Scroll to Top