Top Sport

Траоре, фудбалерот кој тврдеше дека е брат на Амад Дијало, потпиша за Борнмут

Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали потврдди дека Хамед Траоре ќе се приклучи на Борнмут во договор од 30 милиони евра, посочувајќи дека Даниеле Фратези во текот на летото ќе чини повеќе од оваа сума.

Борнмут се решија за Траоре откако се обидоа да го добијат Николо Ѕаниоло од Рома, но овој договор пропадна во последен момент.

„Разговаравме со Борнмут неколку дена, и тие ги исполнија нашите барања. Не сакавме да продадеме за помала сума, а имавме и проблем бидејќи неговиот договор завршуваше во 2024 година“, вели Карневали.

Траоре претходно тврдеше дека е брат на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Амад Дијало (кој сега игра како позајмен играч во Сандерленд). Амад и Хамед Траоре пристигнаа во Италија од Брегот на Слоновата Коска во 2015 година, и Амад потпиша за Аталанта, а Траоре за Емполи. Меѓутоа, двајцата беа под истрага во Италија откако двојката која тврдеше дека се нивни родители, на крајот признаа дека не се во семејна врска со нив.

Тогаш стана јасно дека двајцата не се браќа, туку дека се работи за процес за нелегална трговија со луѓе.

Со лажни документи влегол во Италија, сега игра во Манчестер јунајтед

Scroll to Top