Манчестер јунајтед ќе треба да се потруди да ја засили својата одбрана во наредниот период, и тоа очигледно нема да им оди лесно, откако Фиорентина наводно ја одбила големата понуда за 21-годишниот Србин Никола Миленковиќ.
„Одбивме големи понуди на Лион за Верету, на Марсеј за Симеоне и на Манчестер јунајтед за Никола Миленковиќ“, откри првиот човек на Фиорентина, Панталео Корвино во интервју за „Газета дело спорт“.
Иако ќе биде тешко да се оствари некој договор во зимскиот преоден рок, скаутите на Јунајтед гледаат кон Серија А како совршено место за купување дефанзивци. Следен на листата покрај Миленковиќ, за кого Јунајтед се надеваат дека ќе прерасне во новиот Немања Видиќ, англискиот клуб подолго време го следи 22-годишниот Данец Јоаким Андерсен, кој оваа година импресионира со тимот на Сампдорија.
Со Миленковиќ и Андерсен во задниот ред, Манчестер јунајтед конечно би имал подолгорочно решение за хроничните проблеми во одбраната.