Top Sport

Вернер ќе добие двојно поголема плата во Лајпциг!

Шефовите на Ред бул Лајпциг ќе му дадат двојно поголема плата на 22-годишниот Тимо Вернер, во обид да го заддржат германскиот репрезентативец во Бундеслигата.

22-годишниот Вернер досега беше посериозно поврзуван со Баерн Минхен, Ливерпул, Барса и ПСЖ, а сега влегува во последните 18 месеци од својот договор, односно летото 2020 ќе може да замине бесплатно.

„Билд“ тврди дека со новата плата Вернер ќе заработува 6 милиони евра по сезона и во договорот ќе има излезна клаузула од дури 70 милиони евра. Ливерпул би биле подготвени на пример исто така да му дадат плата во границите на 100.000 фунти неделно.

Вернер има 13 гола во 22 меча оваа сезона за поранешниот германски вице-шампион, кој се фали со младоста на својот тим.

Фото: ЕПА

Scroll to Top