Италијанските медиуми тврдат дека Марио Манџукиќ ќе се врати во Серија А. Тој ги започнал преговорите со Фиорентина откако од бизарни причини му пропаднаа трансферите во Локомотив Москва и Бешикташ.
„Фиорентина тропна на неговата врата. Знаеме зошто го напушти Јувентус, но на многумина им недостига“, пишува „Газета дело Спорт“.
Фиорентина има високи цели оваа сезона, а за да ги оствари потребен им е искусен напаѓач.
Марио Манџукиќ во кариерата играл Марсонија, Загреб, Динамо, Волфсбург, Баерн, Атлетико и Јувентус. Минатата сезона шест месеци мина во Ал Духаил.