Фиорентина ја отвори новата сезона во италијанската Серија А со тешко извојувана 1:0 победа над Торино во цврст меч на „Артемио Франки“.
По првото полувреме без голови, Виола сметаа дека дојдоа во водство во 47. минута преку Кристијано Бираги, но голот беше поништен од ВАР системот поради офсајд.
Сепак, Гаетано Кастровили во 78. минута се најде на вистинското место по одличната асистенција на Федерико Киеза и го совлада Сиригу за победнички старт на тимот на Џузепе Јакини.
So much talk about Chiesa with the transfer window open but his assist for Castrovilli’s opener ? the pace and pass to pick out his Fiorentina teammate ?#FiorentinaTorinopic.twitter.com/xZIqPL7U99
— Sacha Pisani (@Sachk0) September 19, 2020