Иако 21.Светско првенство во фудбал ќе започне за една недела, најголем дел од светските медиуми се уште се занимаваат со дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Реал го победи Ливерпул, во финалето во Лигата на шампионите со 3:1, а пресвртница на натпреварот беше повредата на Мохамед Салах. Најдобриот играч на Ливерпул се повреди по еден дуел со Рамос.
Подоцна се појавија информации дека и голманот на „црвените“, Лорис Кариус, добил потрес на мозокот, откако добил удар од Рамос. Потресот на мозокот бил причината за двете големи грешки со кои Кариус му ја подари титулата на Реал.
Капитенот на Реал, неодамна, во едно интервју, рекол дека не може тој да биде виновен за се што се случувало во финалето.
Прашање поврзано со оваа тема, од бразилските новинари, добил напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.
„Не би го коментирал тоа. Тој на свој начин гледа на она што се случуваше во финалето, а јас мислам дека е идиот. Тоа е во ред“, рекол Фирмино.
Рамос се потсмева со Кариус и Салах: Што е следно, Фирмино беше настинат?