Top Sport

Фирмино ја честеше сопругата Порше за роденден

Ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмино никогаш не ја криел љубовта кон неговата сопруга Лариса Переира, така што не е чудно што за нејзиниот роденден и купи ново „Порше Кајен“.

Напаѓачот на „Црвените“ на Инстаграм се пофали со автомобилот од 56.000 фунти кој ќе го вози мајката на неговата единствена ќерка.

25-годишниот Бразилец дефинтивно може да си го приушти автомобилот, бидејќи заработува 5 милиони фунти годишно на „Енфилд“.

„Љубов моја, денеска е твојот роденден и ти посакувам сè најубаво, бидејќи ти си посебна личност за мене“, напиша Фирмино на Инстаграм.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');