Top Sport

Гремио ќе се бори за светска титула (видео)

Шампионот од Копа Либертадорес, Гремио ќе се бори за титулата на Светското клупско првенство, откако дури во продолжението успеа да го „скрши“ отпорот на мексиканската Пачука во полуфиналето на стадионот „Хаза бин Заед“ во Абу Даби.

Тимот од Порто Алегре, кој е трикратен јужноамерикански шампион, во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу европскиот шампион Реал Мадрид и домаќините на турнирот, Ал Џазира, кои играат утре во 18 часот.

Човек на одлука на бразилскиот тим беше Евертон Соареш, кој постигна ефективен гол во 95. минута, откако во регуларните 90 минути двата тима не успеаја да постигнат гол. 21-годишниот Евертон има само 15 настапи за Гремио во својата кариера.

Претходно, во мечот за петтото место на првенството, азискиот шампион Урава ред дајмондс со 3:2 го совлада африканскиот шампион, Видад Казабланка.

Scroll to Top