Top Sport

Фирмино ќе оди кај Џерард во Астон вила?

Иако во последните неколку години беше еден од клучните фудбалери на Ливерпул, Роберто Фирмино може да замине во Астон вила кај Стивен Џерард во обид да добие повеќе време на теренот.

30-годишниот Фирмино, кој во моментов е во аут со позитивен тест на коронавирусот, го загуби стартното место од Португалецот Диого Жота и пред јануарскиот преоден рок, поранешниот ирски фудбалер Тони Каскарино вели дека има контакти со Вила за трансфер.

„Мислам дека Вила ќе тргнат по еден голем фудбалер на Ливерпул и мое мислење е дека тоа ќе биде Фирмино. Менаџерите сакаат да се враќаат во клубовите каде што работеле, а Дени Ингс не е доволен за Вила. Со фудбалер од калибарот на Фирмино, Џерард ќе може да го гради карактерот на клубот и ќе донесе голем играч“, вели Каскарино.

Scroll to Top