Top Sport

Челси и Ливерпул со прекрасно реми во дербито, најзадоволни во Манчестер сити

Челси и Ливерпул одиграа фантастично празнично дерби во Премиерлигата, во кое гостите имаа 0:2 водство на „Стемфорд Бриџ“, пред Челси да се врати за 2:2, резултат кој несомнено најмногу ќе го израдува Пеп Гвардиола, бидејќи неговите Манчестер сити остануваат на 10 поени пред „сините“ и 11 пред „црвените“.

Стартот на мечот беше одбележан со веста дека покрај Јирген Клоп, од тимот на Ливерпул ќе отсуствуваат и Роберто Фирмино и Алисон Бекер поради позитивни КОВИД-тестови, додека Челси беше под влијание на шокантното интервју на Ромелу Лукаку и неговото целосно исфрлање од составот за мечот.

Ливерпул стигна до водство преку Садио Мане во 9. минута, а веќе во 26. минута беше 0:2 по фантастичниот гол на Мохамед Салах, што само покажува колку ќе биде ослабен Ливерпул кога двајцата ќе заминат на Африканскиот куп на нации.

Меѓутоа, Челси успеа да се врати во финишот на полувремето – прво Матео Ковачиќ во 41. минута постигна апсолутно прекрасен гол за 1:2, пред Кристијан Пулишиќ да го комплетира можеби најдоброто полувреме во Премиерлигата оваа сезона за 2:2. Во второто полувреме, темпото малку падна, но сепак, двете екипи имаа добри шанси, од кои тие на Ливерпул беа поконкретни.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top