Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, го пропушти синоќешниот натпревар со Хадерсфилд (5:0) и неизвесен е неговиот настап против Барселона во Лигата на шампионите.
„Во четвртокот тренираше нормално,беше во ред. Не забележав кога се случила повредата, веројатно пред крајот почувствувал болка“, рекол тренерот Јирген Клоп и дополнил.
„Тоа е Боби, тешко е да му кажете дека не може да игра, но не сакавме да ризикуваме против Хадерсфилд. Доколку постои и најмала шанса тој ќе игра против Барселона“.
Во наредните денови ќе биде познато дали Фирмино ќе биде подготвен за првата пресметка со Барселона, во среда на „Ноу Камп“.