Top Sport

Фирмино првпат по 7 години даде интервју на англиски!

Навивачите на Ливерпул беа изненадени, откако Роберто Фирмино, првпат по пристигнувањето на „Енфилд“ пред седум години даде интервју на англиски јазик по вчерашната зачудувачка 1:7 победа над Глазгов Ренџерс.

Бразилецот пристигна во Ливерпул од Хофенхајм за 29 милиони фунти во 2015 година, но вчера беше првпат да дава интервју по еден меч, коментирајќи го неверојатниот хет-трик на Мохамед Салах.

„Кога даде гол, веднаш кажав дека ќе има хет-трик. Го почувствував тоа на клупата“, вели Фирмино.

Интересно, додека во англиските медиуми и кај навивачите на Ливерпул, Фирмино не беше критикуван што му било потребно толку време да го совлада англискиот јазик, Герет Бејл беше „распнат“ од шпанските медиуми и навивачите на Реал Мадрид поради тоа што наводно не научи да зборува шпански. Велшанецот ова го демантираше кога направи трансфер во Лос Анџелес во МЛС лигата и веднаш се обрати на шпански јазик.

Scroll to Top