Роберто Фирмино не ги оправда очекувањата на шефовите на саудискиот Ал Ахли и се врати во Англија за време на новогодишните празници. Бразилецот преговара за враќање во Премиер лигата.
Шефилд јунајтед е заинтересиран за поранешниот напаѓач на Ливерпул. Шефилд ќе се обиде да го ангажира 32-годишниот Бразилец до крајот на сезоната како позајмен играч, со намера на лето да преговара за откуп на договорот.
Фирмино има договор со Ал Ахли до јуни 2026 година.