Top Sport

Физиотерапевт барал „помош“ со облог од италијански судија

Клаудио Дефина, официјален физиотерапевт во Асоцијацијата на италијански судии (АИА) доби 12-месечна суспензија откако беше сниман неговиот телефонски разговор со судијата Антонио Рапуано барајќи од него „помош“ за облог за број на жолти картони за мечот Интер-Емполи на 23 јануари.

Дефина му кажал на судијата дека има соработник кој се обложува на број на жолти картони на меч, и потоа побарал да го префрлат разговорот преку „Телеграм“. Судијата Рапуано веднаш го информирал претседателот на АИА, Џанлука Роки, кој покренал истрага по која физиотерапевтот добил суспензија.

Дефина се правдал дека помагал на пријател да создаде апликација за обложување на картони, но тоа објаснување не било прифатено од дисциплинската комисија.

Scroll to Top