Македонскиот фудбалски клуб Работнички, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја.
Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра.
Планот на новите газди е да го вратат четирикратниот македонски шампион, во врвот на домашната сцена и да да биде постојан учесник на европска сцена.