Top Sport

ФК Сараево остана без три бода, двајца функционери добија времена суспензија

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина (ФС БиХ) во средата му изрече казна на фудбалскиот клуб Сараево поради прекин на реваншот од четвртфиналниот натпревар од Купот на БиХ против Борац од Бања Лука.

Фудбалерите на Сараево, во реваншот, го напуштија теренот на почетокот на судиското надополнување, кога Борац водеше со 1:2.

Натпреварот не продолжи и беше регистриран со службен резултат во корист на Борац.

Очекувано, казната за Сараево, која не е прва сезонава, е исклучително строга, особено откако ден по натпреварот кубот го обвини ФС БиХ за криминални активности и местење натпревари.

Дисциплинската комисија на ФС БиХ го казни Сараево со одземање на три бода во Премиер лигата на БиХ.

Покрај тоа, претседателот на клубот Исмир Мирвиќ е суспендиран од фудбалот на една година, спортскиот директор на Сараево Сенијад Ибричиќ е суспендиран на шест месеци, додека тренерот Симон Рожман е осуден на условна казна.

Дополнително, Сараево ќе мора да плати 22.000 конвертибилни марки (околу 11.000 евра) поради употреба на пиротехнички средства и лоша организација на натпреварот.

Scroll to Top