Top Sport

ФК Вардар се жали на судиска кражба во Втората лига

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, ФК Вардар преку својата Фејсбук страница тврди дека е оштетен од страна на судиите во Втората лига-Запад во повеќе мечеви оваа сезона.

Вардар, откако минатата првпат испадна од Првата лига, во моментов е на третото место во Втора лига-Запад со 20 поени, пет помалку од второпласираната Воска, и дури 14 зад лидерот Силекс. Само првопласираниот тим обезбедува директно враќање во Првата лига, додека второпласираниот игра бараж.

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top