Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик вели дека Филипе Кутињо се обидува премногу да импресионира и затоа прави премногу погрешни избори. 27-годишниот Кутињо е позајмен фудбалер во Баерн од Барселона по проблематичната сезона во Каталонија.
На „Алијанц арената“, Кутињо исто така не успеа да остави преголем впечаток и сите индиции се дека Баерн нема да ја искористат опцијата да го купат Бразилецот. Флик вели дека самиот Кутињо си поставува премногу притисок.
„Неговите перформанси на тренинзите секогаш ми даваат надеж дека тој ќе успее. Тој е талентиран фудбалер, но си става премногу притисок и сака да остави печат во секој натпревар. Тоа значи дека некои негови одлуки не се вистински. Ќе продолжиме да го поддржуваме, бидејќи имам високо мислење за него и како човек и како фудбалер“, изјави Флик.